Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2018

Утре почнува возбудата: Дербито во Казањ

Завршена е групната фаза на Светското првенство во Русија и по 15 натпреварувачки денови и 48 натпревари познати се сите учесници во осминафиналето.

По денешниот ден за одмор од утре почнуваат возбудливи дуели во кои се среќаваат Уругвај и Португалија, односно Франција и Аргентина.
Светскиот трон е празен по сензационалното испаѓање на Германија веќе по групната фаза, а најголеми фаворити да ги наследат се Бразил, Шпанија, Франција...
Последните дуели од осминафиналето се играат на 3. јули, четвртфиналињата на 6. и 7. јули, полуфиналињата на 10. и 11. јули, натпреварот за третото место на 14. јули, а финалето ден подоцна на „Лужњики“ во Москва.

Осминафинале:
30. јуни
Уругвај – Португалија (Сочи)
Франција – Аргентина (Казањ)
1. јули
Шпанија – Русија (Москва)
Хрватска – Данска (Нижњи Новгород)
2. јули
Бразил – Мексико (Самара)
Белгија – Јапонија (Ростов)
3. јули
Шведска – Швајцарија (Санкт Петерсбург)
Колумбија – Англија (Москва)

Најнови вести