Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
26.6.2018

Далиќ: Нема да калкулираме

По натпреварот со Аргентина, селекторот на Хрватска Далиќ, најави дека последниот натпревар од групната фаза може да го искористи да одмори некои првотимци.

„Ние се подготвувавме за Исланд како и за првите два натпревари. Дојдовме во Ростов да победиме, да не примиме гол и да ги освоиме трите бода. Со тоа ќе потврдиме дека го заслужуваме првото место. Ова е Хрватска, без оглед кој игра и сметам дека не е убаво да се збори за втор тим. Ќе играме како против Нигерија и Аргентина и можеме до добар резултат“, изјави селекторот Далиќ.
„Знаеме сè за Исланд, како што знаат и тие за нас, и знаеме што треба да направиме. Мораме да се браниме од долги топки, од прекини. Го цениме ривалот и нивниот стил на игра, во квалификациите беа пред нас и нè чека тежок натпревар. Ова е убава можност за реванш“, додаде Далиќ.
Од овој натпревар зависи и распоредот во групата.
„Нема да бираме противник во осминафиналето. Никој меѓу нас воопшто не спомнува калкулирање, тоа не е добро и секогаш некако се враќа“, заврши селекторот на „коцкестите“.
Натпреварот се игра вечерва во 20 часот.

Најнови вести