Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.6.2018

Џан дефинитивно го засили Јувентус

Германскиот фудбалер Емре Џан допатува во Торино и штом ќе ги помине лекарските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со Јувентус.

Неодамнешниот фудбалер на Ливерпул во редовите на шампионот на Италија ќе дојде како слободен играч бидејќи на крајот на месецов му истекува договорот со англискиот клуб, а во Јувентус ќе игра за годишна плата од пет милиони евра.
Џан пред клиниката на Јувентус, каде што ќе ги направи медицинските прегледи, беше дочекан од група навивачи воодушевени што ја засилил „старата дама“.
Тој три сезони беше член на Ливерпул, а претходно играше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен, додека за репрезентацијата на Германија одигра 20 натпревари и даде еден гол.

 

Најнови вести