Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.6.2018

„Мундо депортиво“: Реал се договорил со Алисон, Рома сака повеќе пари

Како што пренесува „Мудно депортиво“, Реал Мадрид ги договорил сите детали од договорот со Алисон, голманот на Рома, но проблем во реализацијата на трансферот претставува желбата на раководството на Рома за поголема оштета.

Според наводите на шпанските медиуми, Алисон Бекер, 25-годишниот бразилски голман, договорил сè со трикратниот освојувач на Лигата на шампионите, но Рома за својот играч сака подобра оштета од 80 милиони евра, наместо досега споменатите 60.
Реал е подготвен да понуди 55 милиони евра со дополнителни пет во бонуси, додека Рома одредила цена од 80 милиони и не планира да се откаже.
Како што се наведува, другите заинтересирани за услугите на бразилскиот голман, меѓу кои прв беше Ливерпул, се повлекле од трката, а Зе Марија, агентот на Алисон, договорил петгодишна соработка на неговиот тим со Реал.
Алисон изјави дека би сакал сè да биде договорено пред Светското првенство во Русија, но имајќи ја предвид разликата, изгледа дека тоа ќе биде тешко.

Најнови вести