Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2018

Фернандо Јеро ќе го замени Лопетеги на Мундијалот во Русија

Денес претпладне Фудбалскиот сојуз на Шпанија донесе одлука да го отпушти селекторот Хулен Лопетеги, кој еден ден претходно одлучи да ја прифати работата во Реал од Мадрид.

Само по неколку часа откако на Лопетеги му беше врачен отказ, на местото селектор е поставен Фернандо Јеро.
Некогашниот капитен на Реал Мадрид ќе биде селектор на Шпанија во текот на Светското првенство.
Дефанзивниот играч во Фудбалскиот сојуз беше спортски директор, а ова именување е начин што побрзо да се смират страстите во тимот пред претстојниот натпревар со Португалија, со којшто Шпанија ќе го отвори Мундијалот.
Што се однесува до тренерското искуство, Јеро една година беше на клупата на Реал Овиедо во сезоната 2016/17.
Јеро и самиот беше репрезентативец и капитен на тимот и за Шпанија на 89 натпревари постигна 29 погодоци.
Шпанија ќе се натпреварува во групата Б со Португалија, Иран и Мароко, а првиот натпревар го игра во петок, против европскиот шампион Португалија.

Најнови вести