Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2018

Хулен Лопетеги нов тренер на Реал Мадрид

Хулен Лопетеги, селекторот на фудбалерите на Шпанија, по завршувањето на Светското првенство, ќе го преземе кормилото на фудбалскиот клуб Реал Мадрид.

Мадриѓаните неодамна останаа во шок по неочекуваниот отказ на тогашниот тренер Зинедин Зидан, по пет дена од освојувањето на третата последователна титула на Лигата на шампионите.
Лопетеги, кој пред преземањето на националната селекција на Шпанија го водеше португалскиот Порто, со Реал ќе потпише тригодишен договор.
Педесет и едногодишниот стручњак ќе го преземе Кралскиот клуб веднаш по завршувањето на Светското првенство во Русија, на кое настапува и Шпанија.
„Црвената фурија“ сè уште е непобедена под негово водство, а во последните 20 натпреварија дури 14 пати оствари триумф.
Тој, како голман, за Реал одигра еден сениорски натпревар.

Најнови вести