Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.6.2018

Дејвид Хеј ги обеси ракавиците на клин

Британецот Дејвид Хеј, поранешниот шампион во тешка категорија, соопшти дека ја завршува богатата боксерска кариера.

Триесет и седумгодишниот Британец се одлучил за пензија по 28 победи во професионалниот бокс, од кои 26 беа со нокаут. Во кариерата беше поразен четири пати, од сонародникот Карл Томсон уште во 2004 година, од легендарниот Украинец Владимир Кличко во 2011 и два пати во последните две борби од Британецот Тони Белју, и двата пати со технички нокаут.
Дејвид Хеј, исто така, беше шампион на категоријата крузер во 2008, а таа година премина во тешка категорија, каде што во 2009 го совлада Русинот Николај Валуев за титулата на ВБА.
Покрај Ивандер Холифилд, британскиот боксер е единствениот кој ги обедини титулите во категоријата крузер, а потоа беше шампион и во тешка категорија.
Дејвид Хеј меѓу 2012 и 2016 година не беше во рингот бидејќи имаше големи проблеми со повреди, а и му беше извршена операција на грбот.