Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2018

Лихтштајнер прво засилување на Емери во Арсенал

Штефан Лихтштајнер, досегашниот фудбалер на Јувентус, е нов играч на Арсенал, соопшти премиерлигашкиот клуб.

Лихтштајнер во Лондон стигна како слободен играч, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 12.
Швајцарскиот фудбалер во Јувентус ги помина последните седум сезони и седум пати беше шампион на Серија А.
Тој одигра повеќе од 250 натпревари за „старата дама“ од Торино.
„Штефан носи големо искуство и лидерство во нашиот тим. Ќе нè засили и на теренот и надвор од него“, изјави Унаи Емери, тренерот на Арсенал.
Триесет и четиригодишниот Лихтштајнер кариерата ја почна во 2001 година во Грасхоперс, а потоа играше за Лил и за Лацио до трансферот во Јувентус во 2011 година.
Во дресот на Швајцарија досега одигра 99 натпревари, а од 2006 година е капитен на националниот тим.

Најнови вести