Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.6.2018

Роналдо бара договор до 40-тата година и 75 милиони евра годишно

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид, побара шестгодишен договор со Кралскиот клуб и зголемување на примањата на 75 милиони евра по сезона.

Тоа е условот на Португалецот за да остане во овој клуб, пренесува шпанската „Кадена КОПЕ“.
Португалецот со трократниот последователен шампион на Европа има договор до 2021 година, но веднаш по победата над Ливерпул (3-1) во финалето на Лигата на шампионите го изрази задоволството со зборовите дека му било убаво во Реал и дека има можност да си оди.
Доколку Кралскиот клуб му излезе во пресрет, годишните примања на Роналдо ќе пораснат дури за 30 милиони евра и ќе стане убедливо најплатениот фудбалер на светот, пред Лионел Меси од Барселона, кој заработува вкупно 50 милиони.
На тој начин веројатно и ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид, каде што дојде речиси пред десет години од Манчестер јунајтед во 2009 година. Иако Роналдо игра на врвно ниво и во 33-тата година од животот, до моментот на истекувањето на договорот ќе биде на прагот на четириесеттата, а прашање е дали Мадриѓаните ќе се согласат толку тежок договор да му дадат на ветеран.

Најнови вести