Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.6.2018

Приоритет на Емери е Ремзи да остане во Арсенал

Откако дојде новиот менаџер Унаи Емери, Арсенал е ангажиран околу доведувањето на Стефан Лихтштајнер од Јувентус и Сократис Папастатопулос од Дортмунд, а важна задача ќе биде и да се убеди Арон Ремзи да го продолжи договорот со „топчиите“.

Летното реновирање на Арсенал има една клучна точка. Како да се убеди Арон Ремзи да остане и да потпише нов договор, со што би станал еден од главните столбови на „топчиите“ во наредните сезони. Велшанецот во Лондон моментно заработува сто илјади фунти седмично, а бидејќи најдобрите години за играње се пред него, на пазарот би можело некој да му понуди барем двојно поголема заработка.
Во Арсенал најмногу заработуваат Месут Озил, Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрих Мхитарјан, а клубот од „Емирати“ смета дека многу подобро би било да се задржи Ремзи отколку да се продаде. Тешко би можеле да најдат замена за Ремзи, а и не би добиле адекватна оштета за него бидејќи тој влегува во последната година од договорот.
Ремзи во Арсенал е од 2008 година, кога беше доведен од Кардиф, а изминатите сезони даде седум гола во Премиер лигата, а имаше и десет асистенции.
„Топчиите“ освенСократис Папастатопулоси Стефан Лихтштајнер, на коишто нема да се потрошат многу пари, имаат намера да го доведат и Маруан Фелаини, кој е пред заминување од Манчестер јунајтед.

Најнови вести