Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2018

Бразил без Коста и Аугусто против Хрватска

Бразилските фудбалери Даглас Коста и Ренато Аугусто, поради повреда, ќе го пропуштат претстојниот пријателски натпревар против Хрватска во Ливерпул.

Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти дека Коста поради повреда на бутот не тренира со националниот тим уште од минатата недела.
Аугусто,пак, има проблем со коленото од тренингот во средата и него во стартната постава најверојатно ќе го замени Фернандињо, фудбалерот на Манчестер сити.
Фагнер закрепна од повредата и ќе му биде на располагање на селекторот за натпреварот против Хрватска.
Нејмар најверојатно нема да биде меѓу стартните 11, но би требало прв пат да настапи по повредата на стапалото во февруари.
Фудбалерите на Бразил од понеделникот за Светското првенство во Русија се подготвуваат во тренинг-центарот на Тотенхем и тука ќе останат до осми јуни.
Натпреварот против Хрватска на програмата е утре, а Бразил последната контролна средба ќе ја одигра на десетти јуни против Австрија.

Најнови вести