Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

Кралска прослава – Роналдо: Се гледаме и следната година

Реал од Мадрид со спектакуларна прослава во престолнината на Шпанија и со журка на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го обележа освојувањето на 13-тата Лига на шампиони.

Кралевите во саботата го совладаа Ливерпул во големото финале на елитното натпреварување во Киев (3-0) и со тоа уште еднаш ја испишаа историјата на европскиот и на светскиот фудбал.
Екипата на Зинедин Зидан поминатата сезона кога го одбрани овој пехар, стана прва во историјата која Лигата на шампионите ја освои три пати последователно.
Играчите и стручниот штаб најпрво во автобус со отворен кров поздравија над десетина илјади навивачи коишто се најдоа на улиците, а по свеченоста на балконот на градското собрание, во вечерните часови, стигнаа на стадионот каде што имаше повеќе од 80.000 луѓе.
Беше приреден спектакуларен огномет, секој играч имаше посебна најава пред да излезе на теренот, како на Олстар на НБА-лигата, но повторно во центарот на вниманието беше најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо.
Португалецот веднаш по триумфот во Киево даде изјава со која ги загрижи сите во Мадрид, најавувајќи дека летово би можело да го напушти Реал.
Но, Марсело, еден од неговите најблиски пријатели, набрзо почна да пее со целиот стадион „Кристијано остани“, на што кратко се надоврза: „Се гледаме и следната година!“.

Најнови вести