Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

Лигата на шампионите ги избра најдобрите 18 – осуммина од Реал

Само еден ден по завршувањето на овогодишната Лига на шампиони, од тоа натпреварување го избраа најдобриот тим составен од 18 играчи. Од нив, само тројца доаѓаат од редовите на полуфиналистите.

Во прашање се: Џорџо Кјелини, дефанзивниот играч на Јувентус, Кевин де Бројне, играчот за врска на Манчестер сити, и Лионел Меси, напаѓачот на Барселона.
Најголемиот број играчи доаѓаат од шампионскиот тим на Реал, дури осум, финалистот Ливерпул го претставуваат тројца, а Рома и Баерн од Минхен по двајца фудбалери.
Голмани: Кејлор Навас (Реал Мадрид), Алисон (Рома);
Дефанзивни играчи: Серхио Рамос, Рафаел Варан, Марсело (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Џорџо Кјелини (Јувентус);
Играчи за врска: Каземиро, Лука Модриќ, Тони Крос (Реал), Џејмс Родригес (Баерн Минхен), Кевин де Бројне (Манчестер сити);
Напаѓачи: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Роберто Фирмињо, Мохамед Салах (Ливерпул), Един Џеко (Рома), Лионел Меси (Барселона).

Најнови вести