Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2018

Шкендија го освои и Купот на Македонија

Новиот шампион на Македонија, Шкендија, во финалето на Купот на Македонија го победи Пелистер со 3:0 и ја освои првата двојна круна во историјата.

На тетовските „црвено-црни" не им пречеше силниот дожд кој паѓаше во Струмица и ја потврдија доминацијата сезонава во домашниот шампионат.
Шкендија имаше водство од 1-0 во првото полувреме кога по нафрлувањето на Хасани во 20-тата минута Муслиу со глава го совлада Атанасовски. Тетовци имаа уште неколку шанси во првиот дел, но резултатот остана непроменет.
Во вториот дел новиот шампион ја потврди победата. Во 51-ата минута после една одбиена топка Ибраими од пеналтикот погоди во горниот лев агол за сигурна предност. 
Во 72-ата минута реприза на првиот гол, овој пат Хасани нафрли од слободен удар, а Муслиу го погоди долниот агол за убедливи 3-0.
Ова е втор пехар во Купот на Македонија во историјата за тетовци, откако претходно ја освоија и втората титула во сезоната.

Најнови вести