Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Антонио Мохамед нов тренер на Селта

Шпанскиот фудбалски клуб Селта соопшти дека нов тренер на тој клуб е Аргентинецот Антонио Мохамед.

Мохамед потпиша двегодишен договор, а на клупата на Селта ќе го замени Карлос Унзуе.
Антонио Мохамед претходните три сезони ги помина во мексиканскиот Монтереј, а во кариерата водеше голем број аргентински и мексикански клубови, меѓу кои и Веракруз, Колон, Индепендиенте, Тихуана и Америка.
Најголем успех на 48-годишниот тренер досега е освојувањето на Копа Судамерикана во 2010 година со Индепендиенте.
На Мохамед ова ќе му биде прв ангажман во Европа.
Селта во сезоната на шпанската Примера лига заврши на 13-тото место со 49 бодови.

Најнови вести