Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Арсенал потврди: Добре дојде Унаи

Лондонскиот Арсенал потврди дека шпанскиот тренер Унаи Емери е наследник на Арсен Венгер на позицијата менаџер на „топчиите“.

„Воодушевен сум што ќе му се придружам на еден од најголемите фудбалски клубови на светот. Арсенал е познат и сакан ширум светот поради својот стил на игра, посветеноста на младите играчи и начинот на којшто се води клубот. Многу сум возбуден што ја добив одговорноста да почнам ново поглавје во историјата на Арсенал“, изјави Емери за клупската интернет-страница.
Иван Газидис, извршниот директор на клубот, изјави дека Емери инсистира на стилот на играта која му одговара на Арсенал.
„Унаи оствари низа успеси во кариерата, разви некои од најдобрите млади играчи, а неговиот возбудлив стил на игра совршено му одговара на Арсенал“, изјави Газидис.
Емери во претходните две сезони го предводеше ПСЖ, со кого освои еден трофеј во Лига 1 и четири на Купот.
Тој пред ПСЖ, ја одведе Севилја до три последователни трофеи во Лигата на Европа, од 2014 до 2016 година, а во кариерата ги тренираше и Алмерија, Валенсија и Спартак до Москва.

Најнови вести