Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

Едвај го напушти „Камп ноу“ – Иниеста седеше во мракот на центарот до 1.30 часот

Андрес Иниеста вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона на „Камп ноу“.

Легендарниот играч за врска тешко ја поднесе разделбата од стадионот на којшто од 2000 година одигра повеќе од 350 натпревари.
Иако натпреварот меѓу Барселона и Реал Сосиедад (1-0) заврши околу 22.35 часот по локално време, Иниеста остана на теренот на „Камп ноу“ до 1.30 наутро.
Седеше сосема сам на центарот од теренот дури и откако рефлекторите беа изгасени, а потоа полека замина во историјата.

Најнови вести