Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2018

Јоахим Лев ќе ја води Германија до 2020 година

Јоахим Лев, селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, го продолжи договорот до 2022 година, соопштено е на интернет-страницата на Сојузот.

Лев се одлучил на овој потег на денот кога ќе го соопшти и списокот на играчи на коишто ќе смета на Светското првенство во Русија и на тој начин ја отфрли можноста дека летово ќе преземе некој клуб.
Тој репрезентацијата на Германија ја презеде во 2006 година, по заминувањето на Јирген Клинсман, кому му беше прв помошник, а најголеми достигнувања со државниот тим му се освојувањето на Светското првенство и на Купот на конфедерациите.
Освен како селектор на Германија, Лев работеше и како тренер на Австрија Виена, Тирол, Аданаспор, Карлсруе, Фенербахче и Штутгарт.

Најнови вести