Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2018

Анчелоти на клупата на Наполи

Славниот стручњак се сели во Неапол за конечно да ја донесе титулата. Преговорите се завршени по неколкуте телефонски повици од страна на Аурелио де Лаурентис, сопственикот на Наполи. Педесет и осумгодишниот Карло Анчелоти прифатил на клупата да го замени Маурицио Сари.

Анчелоти го одбил повикот да стане селектор на Италија, а изгледа дека досега доволно се одморил откако во септември минатата година доби отказ во Баерн.
Останува договорот да биде потпишан на 21-ви мај, кога Лаурентис и Анчелоти ќе се сретнат да ги договорат деталите за соработката.
На официјалната интернет-страница на Наполи е потврдена убавата вест за навивачите, бидејќи Анчелоти има огромен углед насекаде во светот, па и во татковината. Тој два пати ја освои Лигата на шампионите со Милан, еднаш со Реал, потоа четири од петте шампионски титули на Лигите со Милан, Челзи, ПСЖ и Баерн, а не успеа само во Шпанија.
„Анчелоти се согласи да учествува во проектот на создавање нов Наполи“, стои на „интернет-страницата на клубот.

Најнови вести