Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.5.2018

Атлетико: Барселона е досадна, Гриезман не е на продажба

Атлетико Мадрид излезе со соопштение по изјавата на челниците на Барселона дека разговарале со првата ѕвезда на „јорганџиите“, Антоан Гриезман.

Хосеп Марија Бартомеу, претседателот на каталонскиот клуб, изјави дека клубот во октомври разговарал со претставниците на Гриезман и дека често зборуваат со челниците на Атлетико и со неговиот претседател Енрике Сересо за многу работи.
„Ни досади ставот на Барселона. Да зборуваат претседателот, играчите и членовите на одборот на таков начин за иднината на играчот кој има договор само неколку дена пред финалето на европското натпреварување, тоа апсолутно е недостаток на почитување кон Атлетико Мадрид и кон неговите навивачи“, се наведува во соопштението кое е потпишано од Мигел Анхел Хил Мартин, директорот на Атлетико.
„Ставот на Атлетико е многу јасен и неколку пати е истакнат во јавноста. Ниту еднаш не сме преговарале во врска со Гриезман ниту имаме намера да го направиме тоа. Пред неколку дена лично му реков на претседателот на Барселона дека нашиот играч не е на продажба ниту ќе го продадеме. Истовремено, му дадов до знаење дека неговото несоодветно однесување е против интегритетот на натпреварувањето, посебно бидејќи со Барселона целата сезона се боревме за титулата, а тој постојано врши притисок на еден од нашите клучни играчи. Исто така, му реков дека доколку играчот одлучи да го искористи своето право да го раскине договорот поради константниот притисок во текот на целата сезона, Атлетико ќе бара од Барселона компензација“, додаде директорот на Атлетико.
„Кога е доста, доста е. Се надевам дека ова соопштение ќе им овозможи на навивачите на Атлетико да уживаат во овој момент и да се подготват за финалето како што би требало“, изјави Анхел Хил Мартин.
Атлетико Мадрид наредната среда, на 16-ти мај, ќе игра против Олимпик од Марсеј во Лион, во финалето на Лигата на Европа.

Најнови вести