Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Сер Алекс се разбудил од кома, разговарал со семејството

Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, се разбудил од кома по операцијата која му беше извршена поради излив на крв во мозокот.

Фергусон во саботата вечерта итно бил примен во болница откако му се слошило дома, па се открило дека во прашање е мозочен удар, односно мал излив на крв во мозокот.
Операцијата му била извршена истата вечер и поминала без никакви проблеми, набрзо потоа беше соопштено дека Шкотот е во стабилна состојба, а сега стигнаа уште подобри вести.
Како што пренесуваат медиумите на Островот, иако пред него е долг период на закрепнување, Сер Алекс може да се исправи и да седи на креветот, додека претходниот ден го поминал разговарајќи со персоналот на болницата и со членовите на семејството.
Сè уште е прерано да се прогнозира дали седумдесет и шестгодишниот стручњак ќе успее целосно да закрепне, како и дали ударот кој го доживеал ќе му остави трајни последици, но, секако, најважно е дека е здрав и свесен.
Сите во Британија беа во шок во текот на викендот, додека клубовите, колегите, играчите и навивачите, апсолутно сите клубови, безусловно му даваа поддршка со желба легендарниот Ферги што побрзо да се врати на својот „Олд Трафорд“.

Најнови вести