Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Иниеста сепак ќе оди во Јапонија, 25 милиони по сезона

Како што наведува шпанското радио „Кадена сер“, Андрес Иниеста, легендарниот фудбалер на Барселона, кариерата ќе ја продолжи во јапонската екипа на Кобе.

Иако одењето во Кина веќе беше завршена работа, Чонкин Лифан се откажал од трансферот, а Иниеста со Кобе ќе потпише тригодишен договор, според кој ќе заработува околу 25 милиони евра по сезона.
Понатаму се наведува дека Хироши Микитани, претседателот на Кобе и извршен директор на „Ракутен“ (спонзорот на дресовите на Барселона), бил присутен на Ел Класико и дека договорот бил склучен во Барселона.
Сè уште нема официјална потврда, но се очекува Барселона тој трансфер да го искористи како подлога за отворање своја фудбалска школа во Јапонија.

Најнови вести