Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Сари: Најдобро е да се отиде додека сè уште трае љубовта меѓусебно

Математички, сè уште е жива слабата надеж на Наполи. Во реалниот живот – Јувентус вчера ја прослави седмата по ред шампионска титула на Италија.

На две кола пред крајот, Јувентус има шест бода повеќе, но и убедливо подобра гол-разлика. Маурицио Сари не успеа да го симне Јувентус од тронот, а ако се суди според неговите изјави, разделбата со Наполи е блиску.
„Ако размислувам само за навивачите, би сакал да останам овде додека сум жив, без оглед на заканите или можеби желбата на претседателот  да ме отпушти во некој момент. Тоа е многу важна работа. Но морате да размислувате и за другите работи. Ако ова мора да се заврши, сакам Наполи да ми остане во убави сеќавања цел живот. Најдобро е да се отиде додека сè уште трае меѓусебната љубов отколку кога ќе дојдат тешки моменти“, изјави Сари.
Тој во својот договор има откупна клаузула од осум милиони евра, но за неговата иднина во Наполи, секако, ќе одлучат разговорите со претседателот Де Лаурентис.
„Ако претседателот е задоволен од мојата работа, тогаш одлично. Ако не – штета. Но постои излезна стратегија за двете страни. Ако ме повика, ќе бидам среќен да разговарам со него“, додаде Сари.

 

Најнови вести