Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Мажиќ ќе го суди финалето на Лигата на шампионите

Српскиот арбитер Милорад Мажиќ ќе го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, објави Европската фудбалска унија.

Комитетот на УЕФА денес одлучил Мажиќ да биде главен судија во сабота, на 26-ти мај на Олимпискиот стадион во Киев.
Негови асистенти на тој натпревар ќе бидат Милорад Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ, а четврт судија е Клемон Турпан од Франција. Тука ќе бидат уште Данило Грујиќ и Ненад Ѓокиќ, а во резерва е и Немања Петровиќ.
Четириесет и петгодишниот Мажиќ е меѓународен судија од 2009 година, а оваа година судеше и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Правдата ја делеше на минатогодишното финале на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле, а главен арбитер беше и во Суперкупот на Европа 2016 меѓу Реал Мадрид и Севилја.
Српскиот судија сега е во редот со имињата како што се: Хауард Веб, Виктор Касаи, Педро Проенса, Никола Рицоли, Бјорн Којперс, Џунејт Чакир, Марк Клатенбург и Феликс Брих, коишто ги судеа финалињата од 2010 година досега.

Најнови вести