Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Венгер се збогува: Јас сум како и вие, навивач на Арсенал

Вчерашниот ден, недела, шести мај 2018 година, ќе остане запишан во историјата како збогување на Арсен Венгер од навивачите на Арсенал.

Познатиот менаџер ја напушти клупата на лондонскиот тим по 22 години, а по завршувањето на натпреварот, одржа емотивен проштален говор.
„Ви благодарам многу. Пред сè, би сакал да му посакам на мојот колега Алекс Фергусон брзо закрепнување. Ви благодарам што бевте со мене толку долго време. Знам дека тоа не е лесно, но над сè, јас сум како и вие, навивач на Арсенал. Ова е повеќе од обично гледање фудбал, ова е начин на живот. Ова е грижа за преубавата игра, за вредностите кои ги негуваме, за нешто што е дел од нашата ДНК и од секоја наша ќелија. Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе во клубот, поради кои овој клуб е толку посебен. Би ве повикал да ги поддржите овие играчи и стручниот персонал кој останува и по мене. За мене оваа група играчи има посебен квалитет, не само на теренот, туку и надвор од него. Го сакам овој тим, ќе го следам и ќе навивам за него, бидејќи тие го заслужуваат тоа“, изјави менаџерот на Арсенал.
Венгер со Арсенал освои три шампионски титули на Премиер лигата.

Најнови вести