Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Фудбалската јавност се моли за Сер Алекс Фергусон

На Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, успешно му е извршена операција во саботата и сега се наоѓа во процес на закрепнување.

Фергусон во саботата доживеал мозочен удар и веднаш бил префрлен во болница и хоспитализиран.
Состојбата на легендарниот менаџер била критична и оваа информација ги потресе сите љубители на фудбалот ширум планетата.
„Зафатот помина добро, но на Сер Алекс сега му е потребен период на интензивна нега за да може целосно да закрепне“, соопштено е од Манчестер јунајтед по операцијата.
Иако зафатот поминал успешно, сите и понатаму се молат за Фергусон целосно да закрепне, а за тоа ќе биде потребно време.
Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус напиша: „Остани силен Алекс Фергусон!“. Мајкл Карик, еден од главните играчи во ерата на Фергусон, бил затечен и неговите мисли и молитви биле со некогашниот тренер.
Винсан Компани му порачал на Фергусон да се држи, од Арсенал навеле дека нивните мисли се со Сер Алекс, како и од Челзи, Манчестер сити, Лестер, Рома, Црвена ѕвезда, а и од многу други клубови од светот и спортски работници.

Најнови вести