Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2018

УЕФА го суспендира Симеоне - ќе го пропушти финалето на Лигата на Европа

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, нема да може да има контакт со неговата екипа во финалето на Лигата на Европа, одлучи Европската фудбалска унија.

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучила да го суспендира Симеоне на четири натпревари поради навредите кон арбитрите и непримерното однесување на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа против Арсенал.
Тој во првиот натпревар од полуфиналето против Арсенал во Лондон по исклучувањето, ги навредуваше судиите, коишто потоа му доделија црвен картон и го испратија на трибините, од каде што тој и понатаму комуницираше со неговиот стручен штаб.
Симеоне веќе отслужи еден натпревар од суспензијата, реваншот против Арсенал во четвртокот вечерта, кога неговата екипа триумфираше со 1-0 и се избори за пласман во финалето на Лигата на Европа, го гледаше од ложата на стадионот „Ванда Метрополитано“.
Тој по натпреварот изјави дека го чувствувал она што навивачите го чувствувале.
УЕФА го казни и со 10.000 евра, а до следната недела има право да поднесе жалба на одлуката.
Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на Европа, кое е закажано на 16-ти мај во Лион, ќе игра против Олимпик од Марсеј.

Најнови вести