Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
03.5.2018

Во пензија, па на работа: На Буфон „аѕурите“ му се поважни од „старата дама“

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, откако ќе се повлече од активно играње фудбал, ќе преземе една од функциите во италијанската репрезентација.

Легендарниот голман ќе ги обеси ракавиците на клин на крајот на сезоната, а иако тоа не го потврдил официјално, таквата одлука е извесна и ќе се случи на крајот на сезоната во Серија А.
Буфон најверојатно последниот натпревар во дресот на Италија ќе го одигра на четврти јуни против Холандија во Торино.
На чуварот на мрежата на Јувентус му било понудено да стане функционер на „старата дама“, но како што пренесува „Калчомеркато“, Буфон има желба да биде покрај репрезентацијата, каде што работодавец би му бил Фудбалскиот сојуз на Италија.
Медиумите наведуваат дека неговата улога не би била само симболична, туку би добил функција менаџер на тимот.
Деталите за идната соработка сè уште не се прецизно договорени бидејќи сè уште се чека и официјалната потврда за тоа кој ќе биде селектор на „аѕурите“.
Џампјеро Вентура е сменет мината есен, откако не успеа Италија да ја одведе на Светското првенство во Русија, а оттогаш улогата вршител на должноста ја доби Луиџи ди Бјаџо.
Моментно најблиску до клупата на италијанската репрезентација е Роберто Манчини, тренерот на Зенит.

Најнови вести