Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2018

Фазио: Не досуди два пенали, а потоа даде три минути продолжение

Федерико Фазио, фудбалерот на Рома, изјави дека полуфиналето на Лигата на шампионите е чекор напред за клубот од Рим, но и дека неговиот тим е оштетен за два пенала.

Рома во реваншот на домашен терен славеше со 4-2, по поразот во првиот натпревар од 5-2, и со вкупен резултат 7-6 испадна во полуфиналето, но во центарот на вниманието беше и словенечкиот судија Дамир Скомина.
„Ова би требало да претставува стабилен напредок, мораме да дојдеме до овде и следната година и да се обидеме да градиме на она што го постигнавме. Тоа е продолжение на она што го работевме досега, а начинот на којшто работевме е играјќи добар фудбал“, изјави по реваншот Фазио за „Медијасет“.
Тој даде коментар и за спорните ситуации, кои би можеле да донесат промена на „Олимпико“ во корист на Рома, која по нокаутот на „Енфилд роуд“, како и против Барселона, се врати „од мртвите“.
„Штета е за ова што се случи, посебно поради двата очигледни пенали коишто не ни беа доделени. И како врв на сето тоа, судијата даде само три минути продолжение на времето. Мораме да бидеме смирени и да извлечеме позитивни работи од она што го направивме покрај тие два пенала, а потоа да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму“, додаде Фазио.

Најнови вести