Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2018

Куртуа го предупреди Челзи: Одам во Реал

Тибо Куртуа, голманот на Челзи, ги предупредил челниците на лондонскиот клуб дека ова лето нема да го продолжи договорот и дека следното ќе отиде во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Куртуа е играч на Челзи од 2011 година, но до 2014 бранеше во Атлетико Мадрид, по што беше вратен во Лондон.
Белгиецот има договор до 2019 година, така што дотогаш ќе мора да почека околу трансферот, со оглед на тоа дека во Челзи немаат волја да го продадат.
Куртуа е стандарден голман и за репрезентацијата и за клубот, а за Челзи одигра 151 натпревар, на коишто прими 149 погодоци, а 56 пати неговата мрежа остана недопрена.
Многумина се прашуваат дали желбата за трансфер на Куртуа во Мадрид е обострана, со оглед на одличните партии на Кејлор Навас, првиот голман на Реал.

Најнови вести