Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2018

Фирмино потпиша нов договор со Ливерпул

Роберто Фирмино, фудбалерот на Ливерпул, потпиша нов повеќегодишен договор со „црвените“, соопшти клубот од „Енфилд роуд“.

Фирмино, кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, одлучил да ја обнови соработката со клубот и, според наводите, би требало да заработува повеќе од 200.000 евра седмично.
„Ова беше лесна одлука за мене. Клубот кон мене се однесува на неверојатен начин и доста напредував со негова помош. Овде сум многу среќен“, изјави Фирмино.
Бразилецот оваа сезона експлодира, во сите натпреварувања постигна 27 погодоци и имаше 16 асистенции на 49 одиграни натпревари.
„Сè одлично се вклопи. Соиграчите се одлични и благодарен сум што играм со нив во овој клуб. Сакам да играм за Ливерпул, навивачите се одлични и работата што ја вршат во текот на натпреварот е неверојатна“, додаде играчот на „црвените“.
Фирмино во Ливерпул дојде во 2015 година, одигра 140 натпревари за „црвените“ и постигна 50 гола.

Најнови вести