Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
30.4.2018

Манчестер јунајтед господски го испрати Венгер

Неделата во Премиер лигата ја обележи дербито меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, а најинтересниот момент се случи пред натпреварот.

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер последен пат гостуваше на „Олд Трафорд“ на таа функција, а најголемиот ривал во претходните 22 година го пречека господски.
Во улога на главен домаќин се најде најголемиот конкурент во минатите две децении, Алекс Фергусон, кој поради Французинот повторно се симна на теренот на „Олд Трафорд“.
Венгер од соблекувалната до централната сцена беше придружуван од актуелниот менаџер Жозе Мурињо, а тогаш Фергусон, кој со Венгер во минатото имаше жестоки вербални војни, му врачи пригоден подарок.
За Венгер да не се чувствува премногу „добредојдено“ на своето последно гостување на „Олд Трафорд“ се погрижија фудбалерите на Јунајтед кои го испратија со пораз од 2-1 во самиот финиш на натпреварот со голот на Фелаини.

Најнови вести