Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2018

Иниеста со солзи се збогува од Барселона: По 22 години...

Андрес Иниеста по 22 години поминати во клубот, и официјално се збогува од Барселона.

Од трите имиња кои некогаш беа симболот на Блауграната, Чави Иниеста и Меси, остана само последниот.
Иниеста на конференцијата за печатот изјави дека одлуката е размислена и конечна.
„По 22 години овде, знам што значи да се биде играч на Барселона, за мене најдобриот тим на светот. Да можев да ја замислам својата кариера овде, да можев, би била ваква – се чувствував корисно, важно и бев првотимец. Тежок е денот бидејќи овде го поминав целиот свој живот, тешко е да кажам збогум, комплицирано“, изјави Иниеста за шпанските медиуми.
Изданокот од Ла Масија за сè ѝ се заблагодари и на школата на Барселона. Од 22-те години, Иниеста 16 ги помина како дел од првиот тим.
„Не би си простил себеси да бидам во неудобна ситуација бидејќи тоа не го заслужувам ниту јас, а ниту клубот“, додаде Иниеста свесен дека во наредните години нема да може да го дава неговиот максимум.
Во богатата кариера му фалеше една Златна топка, која од неговата екипа ја освојуваа Роналдињо и Меси во последните 14 години. Лигата на шампионите ја освои четири пати.
Со Барселона најверојатно на „Ријазор“ ќе ја потврди титулата во Ла Лига, а како уште еден предизвик пред него е Светското првенство во фудбал со Шпанија.
По Мундијалот 2010, кога против Холандија го даде одлучувачкиот гол за освојување на трофејот, прашањето е  што може играч како Иниеста повеќе да посака во кариерата.

Најнови вести