Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2018

Боатенг во аут до шест седмици, неизвесен за СП

Џером Боатенг, фудбалерот на Баерн од Минхен, ќе отсуствува од теренот од четири до шест седмици поради повреда на ногата и би можело да го пропушти претстојното Светско првенство, на кое репрезентацијата на Германија ќе ја брани титулата.

Боатенг синоќа го повреди мускулот во првото полувреме на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а „Спорт билд“ и „Кикер“ пренесоа дека тој ќе паузира од четири до шест седмици.
Ако се остварат прогнозите, клупската сезона за Боатенг е завршена, а неизвесно е и дали ќе биде во составот на репрезентацијата на Германија за Светското првенство, кое од 14-ти јуни до 15-јули се одржува во Русија.
Фудбалските сојузи до 14-ти мај мора да ѝ го испратат на ФИФА поширокиот список од 35-мина играчи, а до четврти јуни конечниот список од 23-ца играчи.
Актуелниот светски шампион Германија подготовките ќе ги почне на 23-ти мај во Италија.

Најнови вести