Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2018

Лаказет и Белерин се степаа на тренинг

Британските медиуми пренесуваат дека Александр Лаказет и Ектор Белерин се судриле на тренингот на Арсенал еден ден пред натпреварот со Атлетико Мадрид во Лигата на Европа.

Таблоидот „Дејли мејл“ тврди дека Французинот и Шпанецот се скарале по борбата за топката во скок.
Двајцата незадоволни од стартот на ривалот, влегле во судир, но соиграчите брзо ги раздвоиле.
Арсенал минатиот викенд го совлада Вест хем со 4-1, по неколку дена откако Арсен Венгер соопшти дека ќе го напушти клубот по 22 години.
Натпреварот со Атлетико Мадрид ќе му биде последен во којшто ќе го води Арсенал на „Емирати“ во некое европско натпреварување.
Лигата на Европа на Арсенал му е последна шанса да се избори за место во Лигата на шампионите бидејќи има 11 бода помалку зад четвртопласираниот Тотенхем на четири кола пред крајот на Премиер лигата.

Најнови вести