Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2018

Хејнкес: Им подаривме два гола

Јуп Хејнкес, тренерот на Баерн од Минхен, изјави дека смета дека грешките на неговата екипа придонесле за уште еден пораз од Реал, веќе петти во низа.

Баварците никако да ја прекинат црната серија против мадридскиот клуб, синоќа изгубија на „Алијанц арената“, па Реал моментно е поблиску до пласман во финалето на Лигата на шампионите, вкупно трето последователно.
„На Реал му подаривме два гола со своите очигледни грешки. Имавме серија шанси коишто не ги искористивме, па не е чудно што изгубивме“, изјави Хејнкес по натпреварот.
„Немаме што да изгубиме во Мадрид, можеме натпреварот да го одиграме без притисок“, додаде тренерот на минхенскиот клуб.
Хејнкес се надева дека Арјен Робен ќе му биде на располагање за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, додека Боатенг е под голем знак прашалник.

 

Најнови вести