Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
25.4.2018

Баерн без Алаба против Реал

Баерн од Минхен во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Реал Мадрид нема да може да смета на дефанзивниот играч Давид Алаба.

Давид Алаба, 25-годишниот лев бек на Баерн од Минхен, поради болки во натколеницата, нема да може да му помогне на неговиот тим во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Австрискиот репрезентативец го пропушти утринскиот тренинг поради болки, а бидејќи е установено дека нема да биде дел од кадарот на вечерашниот натпревар, одлучено е неговата улога на левата страна да ја преземе Рафиња.
Под знак прашалник е и учеството на Корентен Толисо, кој, пак, има проблеми со потколеницата.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести