Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.4.2018

Крај на една ера: Вегнер ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната

Французинот со Арсенал освои три титули во Премиер лигата, седум трофеи во ФА купот, а на клупата на Арсенал е од први октомври 1996 година.

Францускиот фудбалски тренер Арсен Венгер вчера соопшти дека на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Арсенал, на која е веќе 22 години.
„По внимателното разгледување и разговорите со претставниците на клубот, сметам дека е вистински момент да се повлечам. Благодарен сум на тоа што имав привилегија да му служам на клубот толку незаборавни години“, изјави Венгер.
„Сакам да им се заблагодарам на стручниот штаб, на играчите, на директорите и на навивачите кои овој клуб го прават посебен. Ги повикувам навивачите да бидат покрај клубот до крајот на сезоната за да може таа да се заврши на високо ниво. Мојата љубов и поддршката се засекогаш“, додаде 68-годишниот Венгер.
Французинот со Арсенал освои три титули во Премиер лигата, седум трофеи во ФА купот.
Тој на клупата на Арсенал седна на први октомври 1996 година и моментно е активен менаџер со најдолг стаж во Премиер лигата. Венгер досега го предводеше Арсенал на 823 натпревари.
Арсенал моментно е шести на табелата на Премиер лигата со 33 бода помалку од Манчестер сити.

Најнови вести