Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2018

Барселона десеткувана во Виго

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе гостуваат во Виго, кај екипата на Селта, која е вистински пеницилин за Каталонците во последните три години.

Селта славеше дури три пати последователно во Ла Лига, а од 2015 година ниеден тим не успеа толку пати да ја победи Барселона.
Селта еднаш славеше на „Камп ноу“ со 0-1 и два пати на „Балаидос“ – 4-1 и 4-3.
Покрај тоа, Ернесто Валверде има и кадровски проблеми – Иван Ракитиќ е надвор од редовите поради повреда, а одмор добија Андрес Иниеста, Серхио Бускетс и Жерар Пике.
По повеќе од еден месец, на списокот повторно е Јери Мина, а шанса повторно добија Артуро Видал и Лукас Дињ.
Натпреварот меѓу Селта и Барселона на програмата е вечерва, од 21 часот.

 

Најнови вести