Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.4.2018

Гвардиола: Јунајтед и Челзи гласаа против воведувањето на ВАР

Хосеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека Манчестер јунајтед и Челзи гласале против воведувањето на видеотехнологијата во Премиер лигата од следната сезона.

Премиерлигашките клубови во Лондон гласаа против воведувањето на ВАР, а против предлогот се изјаснија 20 клубови.
„Мислам дека Манчестер сити се согласи, но дека другите клубови од врвот, Јунајтед и Челзи, мислам дека беа против. Тоа е во ред, но секако ќе се воведе таа технологија, не само во Англија, туку и ширум светот бидејќи на судиите им треба помош. Денес фудбалот е брз, еве, на пример, ние сега не знаеме дали беше пенал за Реал (против Јувентус во Лигата на шампионите)“, изјави Гвардиола, а пренесе „Скај“.
Тестирањето на ВАР ќе продолжи до крајот на сезоната 2018/19 во Премиер лигата, но таа технологија ќе продолжи да се користи во ФА и во Лига купот и следната сезона.
Системот ВАР веќе се користи во некои лиги, вклучувајќи ја и Бундеслигата, а ќе биде користен и на овогодишното Светско првенство во Русија.
„Пред или подоцна, тоа ќе се случи. Не знам дали тоа работи или не. Можеби на почетокот нема да работи, но тоа е добро, бидејќи следниот пат ќе биде подобар и поефикасен. Судиите знаат дека им треба помош и ја бараа, а што повеќе го користиме ВАР, ќе биде поефикасен“, изјави Гвардиола.

Најнови вести