Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2018

Видал ќе го пропушти првиот натпревар со Реал

На Чилеанецот Артуро Видал ќе му биде извршен хируршки зафат по повредата на тренингот минатата седмица.

Поранешниот играч за врска го пропушти реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Севилја (0-0) во средата, како и победата на Баерн над Борусија Менхенгладбах (5-1) во саботата.
„Се лизна и падна и ќе мора да му биде извршена мала операција. Тој веќе е на пат за Аугсбург, а сигурен сум дека кратко ќе биде надвор од теренот. Тој е борец“, изјави Јуп Хејнкес, тренерот на Баерн.
Чилеанецот оваа сезона одигра 35 натпревари за Баерн, постигна шест гола и имаше две асистенции.
Видал доби црвен картон против Реал во контроверзниот реванш-натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, во којшто Мадриѓаните славеа по продолжението.
Баерн ќе го дочека Реал во првиот натпревар од полуфиналето на 25-ти мај, а реваншот во Мадрид се игра на први мај.

Најнови вести