Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.4.2018

Коста посериозно повреден

По лекарските прегледи, Атлетико Мадрид потврди дека напаѓачот Диего Коста го повредил задниот дел на бутниот мускул на левата нога во реваншот од четврт-финалето на Лигата на Европа против Спортинг Лисабон.

„По деталните лекарски прегледи, на Коста му е дијагностицирана повреда на задниот дел на бутниот мускул на левата нога“, пишува во официјалното соопштение на мадридскиот клуб.
Сè уште не се знае колку долго ќе паузира зимското засилување од Челзи, но уште сега е јасно дека нема да игра викендов против Леванте, а постои сомнение дека би можело да се врати против Реал Сосиедад и Бетис. За „јорганџиите“ најважно би било ако би можело да се врати за првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа против Арсенал во Лондон, на 26-ти април.

Најнови вести