Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

Хесе како Афелај, Стоук ќе го отстрани од екипата на Шпанецот

Хесе Родригез, фудбалерот на ПСЖ кој игра на заем во Стоук, вчера не се појавил на тренингот на англискиот премиерлигаш и покрај договорот со клубот кој му дозволил неколку дена да помине во Шпанија поради болеста на син му, пренесуваат британските медиуми.

Шпанскиот фудбалер побарал од Стоук да оди во неговата татковина поради здравствени проблеми на неговиот син, но од тој момент не одговарал на повиците и не се појавил ниту на тренингот, па како последица на тоа може да биде отстранет од екипата.
Офанзивниот фудбалер од дебитантскиот гол против Арсенал (1-0) минатиот август, ја нема затресено мрежата во дресот на Стоук на 13 натпревари во Премиер лигата.
На Хесе заемот во Стоук му истекува на крајот на сезоната, а големи се шансите уште пред рокот да се врати во ПСЖ.
Стоук само пред две седмици од екипата го отстрани Ибрахим Афелај поради тоа што ја расипувал атмосферата во соблекувалната.

Најнови вести