Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

Буфон: За ова треба да се има канта за ѓубре наместо срце

Џанлуиџи Буфон, еден од најголемите голмани на сите времиња, на неславен начин, најверојатно, се збогува од Лигата на шампионите откако во реваншот од четврт-финалето против Реал во Мадрид доби црвен картон во продолжението на времето.

Јувентус водеше со 3-0 во Мадрид и беше на прагот на продолженијата, бидејќи во првиот натпревар во Торино изгуби со истиот резултат. Но, судијата Мајкл Оливер досуди крајно контроверзен пенал, по што Буфон се изнервира, а Англичанецот го исклучи поради приговор.
„Некој мора да плати, како што плативме сите. Судијата го направи тоа што го направи. Проблемот е што немаше чувство, а тоа е да имаш свест каде си, какви тимови се сретнале, што е воопшто фудбалот. Тој немаше поим од ништо. Човечко суштество не може вака да исфрли тим. Тоа може само некој кој наместо срце има канта за ѓубре. Ако немаш карактер, тогаш не ти е местото овде туку на трибините со сопругата да јадеш чипс, а не да судиш натпревар“, изјави Буфон.

Најнови вести