Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2018

Иниеста: Ова можеби ми е последен меч во Лигата на шампионите

Андрес Иниеста, играчот за врска на Барселона, по реваншот во четврт-финалето на Лигата на шампионите изјави дека можеби тоа му е последниот натпревар од елитното натпреварување во кариерата.

Барселона беше поразена со 3-0 од Рома, па „волчицата“ го надополни заостанувањето од 4-1 од престолнината на Каталонија и се пласира во полуфиналето.
Иниеста претходно потпиша доживотен договор со Барселона, но не е сигурно колку долго ќе трае.
„Не се прилагодивме на натпреварот и разочарани сме од елиминацијата. Се надевавме дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите, но тие надежи сега се избришани. Јасно знаеја како ќе напаѓаат, а ние немавме решение како да ги запреме. Ова е веројатно мојот последен натпревар од Лигата на шампионите во Барселона, но вечерва не треба да се одлучува тоа“, изјави Иниеста по завршувањето на натпреварот.
Тој додаде дека желбата за победа не била доведена во прашање во ниту еден момент, но планот како да се победи пропаднал.
„На сите ни е тешко. Не е поентата во тоа да се бара прошка, работите некогаш се движат во правецот во којшто сакате, некогаш не, но нашата желба за победа секогаш е иста. Ќе дадеме сè од себе да ги освоиме двете натпреварувања во коишто сè уште играме“, изјави легендарниот играч за врска на Барселона.

Најнови вести