Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2018

Џан ја заврши сезоната, дали и кариерата на „Енфилд роуд“?

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека сезоната за играчот Емре Џан е завршена.

Џан доживеа повреда на грбот во натпреварот со Ватфорд на 17-ти март. Оттогаш е надвор од теренот, а со последните детални прегледи е установено дека на теренот нема да се врати оваа сезона.
Тоа многу лесно би можело да значи дека 24-годишниот играч за врска ја завршил кариерата во Ливерпул. Неговиот договор истекува налето, а досега не успеал да се договори со клубот околу продолжувањето на соработката.
Сè погласни се шпекулациите дека тој и дефинитивно ќе го напушти „Енфилд роуд“ на крајот на сезоната, а замената одамна е подготвена - Наби Кејта.
Германскиот репрезентативец во Ливерпул дојде во 2014 година од Баер Леверкузен. Оттогаш одигра 166 натпревари за „црвените“, постигна 14 гола и 12 пати беше асистент.

Најнови вести