Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.4.2018

Шок во Рим, Рома ја елиминира Барселона, Ливерпул се пласира со помош од судијата

Самрак за фаворитите во реванш-натпреварите од четврт-финалето на Лигата на шампионите, денес зицери за Реал и Баерн.

Во Рим шок! Барселона испадна по 4-1 во Каталонија. Тренерот Ернесто Валверде потфрли, неговите играчи уште повеќе, па на крајот се радуваа фудбалерите на Рома.
Џеко во шестата минута ѝ донесе предност на „волчицата“, по асистенцијата на Де Роси, кој ја удвои предноста од белата точка во второто полувреме, а потоа Манолас ги однесе во екстаза домашните навивачи со погодокот во 82-рата минута.
Барселона до крајот се обидуваше да даде гол и да се пласира во полуфиналето, но ако минатата година го надополни резултатот 0-4 против ПСЖ, имаше среќа во реваншот давајќи голови во продолжението, сега Меси и дружината не можеа да се надеваат на помош од некои други сили.
Манчестер сити играше против повлечениот Ливерпул. Играчите на тренерот Пеп Гвардиола поведоа уште во втората минута со голот на Жесус, а потоа во финишот на првиот дел дадоа и втор гол, а стрелец беше Сане, но судијата поради грешка го поништи. Немаше ниту фаул ниту офсајд.
Менаџерот Гвардиола беше многу лут во полувремето и го пцуеше судијата, па беше исклучен. Во продолжението Салах и Фирмињо го режираа пресвртот.

Најнови вести