Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2018

Сити и Рома во невозможна мисија

Рома и Барселона се наоѓаат пред невозможна задача против Барселона и против Ливерпул бидејќи во реваншите од четврт-финалето на Лигата на шампионите влегуваат со заостанување од три гола.

Не се знае кој е во потешка ситуација, дали Рома, која на „Олимпико“ ја чека Барселона по поразот од 4-1 во првиот натпревар, или Сити, кој сака да го надополни заостанувањето од 3-0 од „Енфилд роуд“.
Во меѓувреме, „граѓаните“ се здобија со нов удар по поразот од градскиот ривал Јунајтед со 3-2, и тоа по предноста од два погодока, со што го одложија шампионското славење во Премиер лигата, но се покажа и дека се ранливи.
„Разочарани сме и тажни поради поразот од Јунајтед. Мораме да свртиме страница што е можно побрзо бидејќи нè чека Ливерпул“, изјави Данило, дефанзивниот играч на Сити.
Од друга страна, Ливерпул уште еднаш докажа дека му е незгоден ривал на Сити, веќе два пати го победи оваа сезона во шесте неуспеси на екипата на Пеп Гвардиола, а сега само треба да го издржи почетниот налет.
Во вториот натпревар на вечерта, Барселона се наоѓа пред вратите на 11-тиот пласман во полуфиналето на елитното натпреварување.
Колку ќе ѝ биде тешко на Рома, покрај високиот резултат што го брка, најдобро зборува податокот дека Барселона само три пати од дури 41 беше елиминирана од Европа по триумфот во првиот дел.
Очигледна е и разликата во квалитетот на двата тима и сите одамна ги отпишаа Римјаните.
Натпреварите на „Олимпико“ и на „Етихад“ се играат во стандардниот термин од 20.45 часот.

 

Најнови вести