Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.4.2018

Буфон: Кога ќе наидете на толку силен противник...

Покрај тренерот Алегри, и Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, изјави дека признава дека за „старата дама“ практично е завршено учеството во Лигата на шампионите оваа сезона.

Поразот од Реал не му остава големи шанси на Јувентус во реваншот и се чини дека ниту оваа сезона легендарниот голман нема да успее да дојде до трофејот.
„Играте против големи шампиони, тие ве тераат да бидете помалку прецизни од обично“, изјави голманот на Јувентус.
„Пред вас се најдобрите и еден играч сигурно не постигнал 500 голови случајно. Чувствувам жалење и разочарување, бидејќи веројатно нема да се пласираме понатаму. Големо жалење, но вистина е дека кога ќе наидете на одредени противници, морате да се помирите дека се посилни“, искрено изјави Буфон.

Најнови вести