Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Алегри: Паметно и фокусирано против Реал

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, изјави дека натпреварот во четврт-финалето на Лигата на шампионите против Реал мора да биде најдоброто издание на „старата дама“ оваа сезона за да може Јуве да се пласира во следната фаза.

Јувентус ќе игра против тимот кој од 1997 година секој пат во Лигата на шампионите бил барем во четврт-финалето, а од 2011 игра барем во полуфиналето. Со оваа констатација Масимилијано Алегри го почна неговото обраќање кон новинарите пред првиот од двата четврт-финални натпревари на Лигата на шампионите.
„Да се елиминира таков тим, е уште еден чекор напред, но апсолутно сме уверени дека ќе играме против моментно најдобриот тим во Европа. Имаме амбиција да играме на ниво на кое би можеле да ги добиеме. Повеќе пати го гледавме натпреварот од Кардиф и мислам дека ние како тим многу напредувавме оваа сезона и во Европа и во Серија А. Посебно добро работиме во тешките моменти во натпреварот. Во Кардиф во првите 15 минути од второто полувреме ментално не бевме добро подготвени, па тие лесно го постигнаа третиот по вториот гол“, изјави Алегри, кој додаде дека тоа не би требало да се случи сега бидејќи се играат два натпревара.
„Што и да се случи вечерва, тоа е само првиот натпревар и сите мора да бидат горди бидејќи тимот во три години два пати играше во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот во Кардиф ни беше важна лекција бидејќи треба да ни покаже како треба да го управуваме натпреварот во второто полувреме. Тоа е многу важно сега бидејќи треба да бидеме паметни и фокусирани затоа што тие имаат фантастична техника, прецизност и многу се брзи над сè. Затоа мораме добро да реагираме во одбраната и, секако, ни требаат нашите навивачи за да не поддржат“, изјави тренерот на Јувентус, кој додаде дека суспендираниот Миралем Пјаниќ ќе го замени со Клаудио Маркисио или со Родриго Бентанкур.
Сè уште не се знае кој ќе биде на позицијата стопер, Андреа Барцаљи или Даниеле Ругани. Алегри е задоволен од Марио Манџукиќ и Алекс Сандро и хрватскиот стопер би можело да го почне натпреварот како резервен играч.

Најнови вести